Предупредување од сирискиот претседател: „Нѐ вовлекуваат во граѓанска војна“

576

Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара денеска изјави дека земјата се соочува со обиди да западне во граѓанска војна додека продолжуваат насилните судири во крајбрежниот регион.

Во видео обраќањето Шара рече дека „остатоците од поранешниот режим“ на соборениот претседател Башар ал Асад немаат друг избор освен веднаш да се предадат, пренесе Ројтерс.

Конфликтите во крајбрежниот регион на Сирија избија пред четири дена, а повеќе од илјада луѓе, главно цивили, загинаа во судирите меѓу сириските безбедносни сили и следбениците на поранешниот претседател на земјата, Башар ал Асад.

ИЗДВОЕНИ