Предупредувачки прекин на работа денеска од 11 до 12 часот ќе оддржат матичните лекари во Македонија. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова за весникот ВЕЧЕР изјави дека ќе штрајкуваат затоа што од „Мој термин“ (Управата за електронско здравство) без најава добиле наредба да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да им биде овозможено да ги прегледаат.
-Системот „Мој термин“ од утринава не ни дава да вршиме прегледи и да препишуваме терапија на пациенти доколку не извршиме изврши автентикација на мобилниот телефонски број на пациентот. Во пракса тоа значи дека вие како пациент доаѓате кај мене за пшреглед и терапија, а јас треба да Ве прашам кој е вашиот број на телефонот и потоа тој број да го изпратам на верификација во системот. Ако не се верифицира, не може да Ви издадам лекови и друѕга терапија – рече Чолакова Дервишева за весникот ВЕЧЕР.
Таа додаде декапретходно не биле предупредени дека ќе се воведе ваков систем. Најавата е дека обврската денеска е во експериментална фаза, а од 3 март би требало да стапи во сила како задлжителна обврска.
-Категорично се противиме на ова новина и бараме да се применува и натаму досегашна процедура, односно, да не вршиме верификација на телефоните на пациентите. Знаете, има многу пациенти кои немаат мобилен телефон, има кои често менуваат броеви, има деца кои, исто така, немаат телефони, има луѓе со деменција кои не го паметат бројот на телефонот…Зарем на тие луѓе да не можеме да им издаваме терапија оти не е извршена верификација на телефонскиот број. Ако не се повлече одлуката ќе стапиме во целосен штрајк – потенцира Чолакова Дервишова.