Предновогодишен шаховски турнир во Центарот за култура

40

Центарот за култура во Ѓорче Петров денеска беше домаќин на предновогодишниот шаховски турнир, организиран од Општина Ѓорче Петров со поддршка од Шаховската федерација на Македонија.

-Настанот обедини шахисти од различни општини, вклучувајќи и  пензионери од општината Ѓорче Петров, со цел да се промовира шахот како спорт кој не само што поттикнува логичко размислување, туку овозможува и социјална интеракција и создавање нови пријателства – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја  нагласи важноста на шахот како спорт со значајна едукативна и општествена улога.

-Нашата цел е оваа манифестација да продолжи да расте и да прерасне во традиционален настан на градско ниво – изјави Стојкоски.

Овој турнир е дел од програмата за спортски активности на Општина Ѓорче Петров за 2024 година.

Најуспешните учесници беа наградени со бронзени, сребрени и златни медали, додека победничкиот пехар го освои екипата од Општина Карпош.

ИЗДВОЕНИ