Предложен притвор за шестмина осомничени во акцијата „Вардар“

16

Шесте лица во меѓународната акција „Вардар“ имале посебни „улоги“ во фалсификувањето на парите, соопшти денеска ЈОРСМ. Денеска обвинителот донесе наредба за спроведување истражна постапка и ги сомничи дека фалсификувале европска валута во различни апоени.

Во земјава, „канцеларијата“ за правење пари била во Чаир, лажните пари се набавувале од Турција, дел од осомничените од Србија наоѓале купувачи за лажни банкноти, други биле задолжени за набавка на опрема. Едниот од нив успеал и да ги легализира преку пуштање плата, и преку брзи кредити, преку подигање кредити од банка. Освен за злосторничко здружување, обвинителството ги сомничи и за фалсификување пари, правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, перење пари.

Од крајот на 2023, досега првоосмничениот заедно со тројца осомничени ја формирал групата која фалсификувала пари на подрачјето во земјава и во соседна Србија. Ним им се приклучиле четврт и шестомничен во земјава и српски државјани каде таму се води постапка.

ИЗДВОЕНИ