Предложена цена од 100 денари за час на лизгалиштето на плоштадот „Магнолија“

54

Советот на Општина Битола в четврток ќе одржи вонредна седница на која како точка на дневен ред ќе биде професионалното лизгалиште кое се поставува на плоштадот „Магнолија“.

Пред советниците ќе се најде и предлогот за дополнување на статутот на јавното претпријатие „Паркинзи“ во делот на дејноста бидејќи претпријатието го изнајмува ова лизгалиште и претпријатието ќе ја има одговорноста и организацијата за оваа нова содржина во рамките на програмата на Општината за новогодишната прослава, односно „Зимската приказна“.

Пред советниците ќе се најде и предлог одлуката на претпријатието за цените по кои граѓаните ќе можат да ја користат услугата, односно да уживаат за време на празниците.

Предлогот е 100 денари за еден час, а 50 денари за еден час за организирани групи од основните и средните училишта. Во овие цени влегува и користењето на лизгалки, а ги има некаде над 120 пара.

Според познавачите на приликите, колку за споредба, цените во главниот град се движеле и до 400 денари.

 

ИЗДВОЕНИ