Предизвикува чувство на печење во устата при конзумирање: Се повлекуваат чоколадни мини ѓевреци од хрватскиот пазар

703

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги извести потрошувачите за отповикување на производот „Чоколадни мини ѓевреци СК2“ со ЛОТ број 8537 и најдобар до датумот 31.05.2025 година. Причината за повлекувањето на производот од продажба е промена на вкусот, што предизвикува чувство на печење во устата при конзумирање.

Овој производ не е во согласност со прописите за безбедност на храната, особено со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот, кој ги дефинира основните принципи и барања на законот за храна, вклучувајќи го и формирањето на Европското тело за безбедност на храната и процедурите кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Инспекторатот апелираше до сите потрошувачи кои го набавиле овој производ да не го консумираат и да го вратат во продавниците, за да се избегнат евентуални здравствени последици.

ИЗДВОЕНИ