Во Специјалниот суд во Белград денеска треба да почне судењето на членовите на „Балканскиот картел“, криминална група која светската полиција ја нарекува најголем клан за трговија со дрога. Членовите на криминалната група, чие судење ќе започне денеска, се обвинети дека се обиделе да прошверцуваат повеќе од седум тони кокаин од Јужна Америка во Европа во три големи заплени на крајот на 2019 и 2020 година, со тоа што го криеле кокаинот во легални товари кои беа префрлени во прекуокеански бродови.
Со обвинението на Јавното обвинтелство за организиран криминал се опфатени 20 лица, од кои шест се во бегство. Клучен доказ на обвинителството се, како што се наведува, пресретнати комуникации на Скај, преку кои разменувале пораки, како и фотографии од сите пратки што ги праќале.
– Во обвинението се наведува дека криминалната група ја организирал Мирослав Старчевиќ, а членови биле Зоран Јакшиќ кој е во затвор во Перу, потоа братучедот на Јакшиќ, Владан Солдо, Пинк Пантер и кумот на убиениот Милан Љепоја, Младен Лазаревиќ викан Младенче, потоа Љубиша Линдо како и Радоје Звицер, бегалецот водач на кавачкиот клан, кој ги контролирал и финансирал пратките со кокаин, но не е вклучен во ова обвинение – пишуваат српските медиуми.
На денешното судење одбраната треба да ја дадат обвинетите, додека на прелиминарното рочиште кусо се изјаснија за обвиненијата и ја негираа вината, јавија белградските медиуми