„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“ е пораката која напишана на транспарент осамна пред општинската организација на СДСМ во скопската населба Аеродром.
Од Општинската организација на СДСМ од Аеродром најостро го осудија чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател на партијата, Венко Филипче.
– СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата – се вели во реакцијата на општинската организација на СДСМ.
Венко Филипче се кандидира за нов лидер на СДСМ, а тој важи за мошне близок до поранешниот лидер на партијата – Зоран Заев.