Пи Диди се соочува со нов проблем, изгледа дека ќе остане без адвокат.
Имено, Пи Диди, според странските медиуми, останува без адвокат, бидејќи Ентони Рико се повлекува од својот адвокатски тим, со една многу необична изјава.
Во барањето за повлекување поднесено во Њујорк, Рико рече дека
„Во никој случај не може да продолжи ефективно да дејствува како адвокат на Шон Комбс“.
Тој, исто така, додаде дека разговарал со главниот адвокат Марк Агнифил, пред да го поднесе писмото за оставка.
Рико не сакаше да даде никакви детали, туку само откри дека државните правобранители се информирани за сѐ.
Неговото повлекување нема да резултира со одложување на судењето кое е закажано за мај.
Да потсетиме, 55-годишниот хип-хоп магнат е во затвор од септември минатата година, а беше обвинет за рекет, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дела поврзани со проституција.
Покрај тоа, тој беше обвинет за силување, сексуално злоставување и дрогирање на своите жртви, а во бројните тужби против него се споменуваат и неговите „freak off“ забави каде што, наводно, ги снимал своите жртви без дозвола.
На истите настани тој наводно „ги удирал, ги гаѓал со предмети и ги влечел своите жртви“ и ги изложувал на „физичко, емоционално и вербално насилство“.