Италијанскиот колач со портокал е лесен за подготвување и има толку совршен вкус што ќе го направите повеќе од еднаш оваа зима.
Доволно е да измешајте 4 состојки, да ги истурете во тавче – ѝ ќе добиете неодоливо едноставно совршенство.
Потребно е:
- 1 портокал
- 3 јајца
- шеќер
- 160 грама брашно и прашок за печиво
Подготовка:
За да направите италијански колач со портокал, прво мора добро да го измиете портокалот од пестициди. Истурете малку алкохолен оцет и малку сода бикарбона во сад и добро исчистете ја кората. Потоа исплакнете сè со ладна, проточна вода.
Изрендајте ја кората од 1 портокал, а портокалот исечете го така што секое парче се сече на 3 дела.
Земете 3 јајца и одвојте ги белките од жолчките.
Во еден сад се матат жолчките со шеќер, а во друг сад се матат белките со шеќер и кора од портокал.
Измешајте ги белките и жолчките, па во таа смеса додадете портокали и 160 грама брашно. Додадете прашок за пециво и сè замесете, па ставете на хартија за печење и печете во рерна околу половина час на 180 Целзиусови степени.
Испечениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете го со кафе.