По повод Лазаревото воскресение – Лазарева сабота, Бадиковите поворки, оваа сабота во 12:00 часот, на плоштадот „Македонија“, ќе организираат празнична поворка. Тие ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од поворката.
– Повикајте ги сите од семејството, пријателите и најблиските да се соединиме во ова заедничко претпразнично дружење, кое ќе сведочи за верата и за очекувањето на радоста – се вели во повикот на „Фејсбук“.