Празнична депресија: Неколку совети како да ја пребродите оваа состојба

8

Чувствата на тага и осаменост, губење на волјата, вознемиреност и чувства на преоптоварување кои се во спротивност со очекуваниот сјај на празниците се вообичаени.

Причините за оваа состојба се многубројни и повеќекратни. Притисокот од празничниот шопинг, финансиските ситуации, интензивната семејна динамика, сеприсутниот императив на среќа што ги придружува празниците, сеќавањето на најблиските кои повеќе не се меѓу нас… сето тоа се фактори кои можат да влијаат на сложениот комплекс на нашите емоции.

Како да препознаете празнична депресија?

– промени во сонот

– слабост

– губење на мотивација и концентрација

– безволност

– напади на тага

– раздразливост

Она што го прави специфичен е токму неговата поврзаност со празничниот период.

Како да се справите со празничната депресија?

Најважно е да бидете искрени со себе и да бидете свесни за вашите чувства. Не треба да се обвинувате себеси што не се чувствувате „празнично весели“. Не треба да се присилувате да бидете среќни. Имате право на вашите чувства, и покрај општествените норми.

ИЗДВОЕНИ