Клучен фактор во борбата против загадувањето е и самото население, кое со залагање за правилно загревање на домаќинствата би придонело значително да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, смета градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на „Фејсбук“.
Во централното градско подрачје се поделени флаери за да бидат запознаени граѓаните со влијанието од загадениот воздух.
– Службите од Општина Кавадарци, во соработка со Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Екоживот“ и неговите претставници, им поделија флаери на граѓаните во централното градско подрачје, со што тие беа запознаени за влијанието од загадувањето на воздухот – наведува Јанчев на „Фејсбук“.