Правда за Феликс, бараат Анима Мунди пред Кривичен суд

123

Група активисти за правата на животните утрово одржаа мирен протест пред да почне судењето за обвинетиот Љубе Крстевски кој со стап го тепаше бездомното куче Феликс, а кое подоцна почина од повредите во стационарот за бездомни кучиња Лајка.

Активиститњ од судот побараа затворска казна за обвинетиот и поголема системска казнивост за оние кои малтретираат животни. Од здржението Анима Мунди најавија дека ќе поднесат и иницијатива до министерството за правда за воведување на нови кривични дела кои ќе опфаќаат малтретирање на животни како тоа за борба со кучиња и напуштање на миленици.

Судењето денеска се одложи бидејќи обвинетиот Крстевски не го примил обвинението, а неговиот адвокат побара и увид во доказите. Второобвинетиот Бранко Билбиловски е обвинет дека му помагал во кривичното дело, односно откако Крстевски го довел кучето во безсознание двајцата го везале со жица и го влечеле до контињер да го фрлат мислејќи дека кучето е мртво.
Ова е прво судење за кое јавноста пројави интерес, а по објавените снимки на кое се гледа како обвинетиот со стап го тепа едногодишното бездомно куче, на плац во Момин Поток.  Казната која е предвидена за малтретирање на животно е, од парична, до затвор од една година.

ИЗДВОЕНИ