Пратките се преземаат од пакетомати по принцип на самопослужување

41

Граѓаните отсега имаат можност наместо од поштенски шалтер, пратките да ги подигнат од најблиски уред, пакетомат, по принципот на самопослужување. Новината на поштенскиот пазар ја воведува „Карго Експрес“ кој постави седум пакетомати во Скопје и еден во Битола. Во било кое време од денот и во рок од 72 часа.

Седум пакетомати се поставени во Скопје и еден во Битола. Како што објаснуваат од компанијата, ако има обврска за плаќање, граѓанинот треба да се изврши уплата преку електронско банкарство и по СМС порака да ја подигнат својата пратка. Граѓанинот треба само да се поврзе на линкот од СМС пораката кој што ќе им побара поврзување со блутут и веднаш ќе им се отвори нивното сандаче

– Овој тренд во преземањето пратки е во подем во европските и во земјите од соседството, а кај нас се доцни најмногу поради тоа што во нашиот поштенски пазар голем дел од пратките се со наплата при достава, односно со откупнина или поштарина – посочуваат од компанијата за МИА.

Пакетоматите се независни еколошки уреди кои за напојување користат соларна енергија. Исто така, на овој начин се намалува користењето на возила, со што оваа достава се смета како еколошка. Нареден чекор ќе биде автоматизација на системот на сортирање и воведување електрични возила во доставата.

Во земјава има 34 фирми кои даваат поштенски услуги – 33 имаат лиценци со општо овластување, а Македонска пошта е со индивидуална дозвола.