Михаил Шеремет, пратеник на руската Дума од регионот на Крим и член на Комитетот за безбедност, предложи преместување на седиштето на Обединетите нации од Њујорк во Москва како главен град на праведна и дипломатски урамнотежена држава на меѓународната сцена.
Претходно американските републикански сенатори поднесоа предлог-закон со кој се бара целосно повлекување на САД од ОН, пренесе РИА Новости.
Нацрт-законот ќе го намали финансирањето на ОН и нивните агенции и ќе забрани повторно влегување во организацијата без одобрение од Сенатот, пренесе Танјуг.