Прашан дали Путин е диктатор – Трамп изненади со одговорот

Новинарите го прашаа Трамп дали би го означил рускиот претседател Владимир Путин како „диктатор“, со оглед на тоа што тој претходно ги користел тие зборови за да го опише украинскиот претседател Володимир Зеленски.

2224
Фото: PA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за опциите за ставање крај на војната во Украина. Макрон е првиот европски лидер што го посети Трамп откако тој се врати на власт пред еден месец.

Во текот на утрото, во Белата куќа, Макрон и Трамп учествуваа на видео конференција за Украина со другите лидери на Г7. Францускиот претседател, на пат од Белата куќа до Блер Хаус, рече дека пречекот на Трамп е „многу добар, многу пријателски“.

„Имавме видео конференција во Овалната соба со лидерите на Г7“, рече Макрон.

Двајцата лидери потоа одржаа билатерални разговори, по што заедно се појавија пред новинарите на заедничка прес-конференција.

Новинарите го прашаа Трамп дали ќе го означи рускиот претседател Владимир Путин како „диктатор“, со оглед на тоа што тој претходно ги користеше тие зборови за да го опише украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Не го користам лесно тој збор. „Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, рече Трамп, додавајќи дека има „шанса за многу добар договор“ меѓу Украина и Русија.

Нерешениот конфликт меѓу двете земји „може да доведе до Трета светска војна“, заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ