Познато каде Путин ги испраќа ранетите војници: Во оваа земја добиваат специјален третман

230
EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Руската Федерација ги испраќа своите повредени војници во Северна Кореја да закрепнат пред да се вратат на фронтот, пишува „Бизнис инсајдер“. Оваа информација ја потврди и рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегор.

„Јасен пример за братска соработка и пристап е испраќањето на стотици ранети војници во специјална воена операција за опоравување во санаториуми и болници во Северна Кореја. Северна Кореја одби отштета од Русија за закрепнувањето на ранетите. Се што е поврзано со нивниот престој во Северна Кореја е апсолутно бесплатно“, рече Мацегор.

Да потсетиме, во ноември 2024 година, Северна Кореја испрати околу 10.000 војници во Украина да се борат на страната на Руската Федерација. Сите тие прво беа испратени во Русија на обука, по што беа распоредени на фронтот.

Мацегора изјави и дека професори од Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, ќе бидат стационирани во поголемите руски градови како Москва, Владивосток, Новосибирск и Казан. Таму ќе го изучува корејскиот јазик.

ИЗДВОЕНИ