EPA/RAINER JENSEN

Поминаа повеќе од десет години од големата несреќа во која тешко настрада Михаел Шумахер, а сега добиваме шокантни вести за лекувањето на славниот Германец.

Богатството на семејството Шумахер полека, но сигурно се топи и третманот на легендарниот Формула 1 возач е доведен во прашање бидејќи годишните медицински трошоци изнесуваат дури седум милиони евра. Некои од личните работи на седумкратниот светски шампион во Формула 1 беа продадени на крајот на мај за да се соберат пари за медицински трошоци. Но, очигледно брзо се потрошени.

Шумахер е еден од најголемите спортисти досега, тој има најмногу титули светски шампион со Луис Хамилтон (7) и е на второто место по бројот на победи на трките и по бројот на пол-позиции.

Германецот првично се пензионираше во 2006 година, но сензационално се врати во спортот во 2010 година, кога седна зад воланот на болидот на Мерцедес. Потоа по втор пат се пензионираше во 2012 година, со што конечно стави точка на својата голема кариера.

Меѓутоа, во 2013 година, страшен инцидент на скијање на француските Алпи го остави Шумахер со животозагрозувачки повреди и оттогаш во јавноста протекоа многу малку информации за неговото здравје.

Сопругата на Шумахер, Корина, се грижи за сега 55-годишниот Шумахер и воедно го крие од очите на јавноста, додека нивниот син Мик Шумахер тргна по стапките на својот татко, натпреварувајќи се неколку сезони во Формула 1.

Познатиот возач на Ферари ја напушти болницата во 2014 година и оттогаш закрепнува во својата вила во Швајцарија.

Според италијанскиот весник „Република“, трошоците за лечењето на Шумахер го оптоваруваат семејството, кои изнесуваат неверојатни седум милиони евра годишно.

Токму поради оваа причина на крајот на мај беа продадени огромен број часовници на Шумахер. Тоа беше во пресрет на Големата награда на Емилија-Ромања.

Претходно се шпекулираше дека семејството Шумахер очекувало да заработи неколку милиони евра од колекцијата часовници како што е неверојатниот „Vagabondage 1“.

Италијанските медиуми сега сугерираат дека следниот чекор на Корина е да продава луксузни вили како и приватни авиони за да ги покрие медицинските трошоци.

За време на неговите возачки денови, Шумахер имаше плата и од 38 милиони долари, но очигледно за сè има крај.