Познатиот женкар си фати две Србинки

183

ФОТО: Х

Љубовниот живот на репрезентативецот на Англија, Кајл Вокер, е повеќе од турбулентен. Офанзивниот бек со години водел двоен живот со сопругата Ени Килнер и љубовницата Лорин Гудман, а истиот резултира со шест деца.

Ени неколку пати му прости за неверството, но се има своја граница. Многумина велат дека тоа го направила поради парите, а таа редовно го посетува во Милано, каде нејзиниот сопруг настапува како позајмен фудбалер од редовите на Манчестер Сити.

Пред неколку дена се појави видео од ноќното излегување на Вокер кој е виден со две атрактивни девојки. Тоа се случило неколку часа откако ги испратил сопругата и децата дома во Англија.

Италијанските и британските медиуми открија дека девојките со кои бил всушност се српските манекенки Маријана Видовиќ и Драгана Драц.

„Маријана и Драгана поминаа време со 34-годишниот фудбалер кој е на позајмица во Милан. Тоа се случи само 24 часа откако неговата сопруга Ени го посети во Италија”, пишува The Sun.

Дека е точна информацијата потврди и самата Маријана која тврди дека Кајл е навистина убаво момче.

„Кајл е прекрасно, шармантно момче кое беше воодушевено од приказната за неговиот нов живот во Милано“, изјави Маријана.

Со оглед на тоа дека долго време е милионер и дека заработува огромни цифри, Вокер не штедел на забавата, а Маријана и Драгана добија се што сакаа.

Само масата го чинела 3.000 евра, ги почестил со бројни пијалоци, меѓу кои и Дон Перињон за 1.500 евра и текила која чини околу 2.000 евра.

За него тоа не е проблем бидејќи неговата неделна плата е околу 200.000 евра.

Вокер уште еднаш покажа дека е женкар како никој друг во светот на фудбалот, а сопругата молчеше за се и многумина ја сметаат за спонзоруша.

Англискиот фудбалер на лето дефинитивно го напушта Сити, а големи се шасните и во следните неколку сезони да престојува на „Сан Сиро“.

 

 

ИЗДВОЕНИ