Џејми Оливер открива како секој пат прави уште еден чекор во подготовката за компирите без кои за многумина е невозможно да се замисли оброкот, а тие да бидат неодоливо крцкави и вкусни.
Тој ја откри својата тајна за совршено печење, а оние кои го пробале велат дека вреди да се трудите поради крцкавоста што резултира. Рецептот на славниот готвач Џејми Оливер ги спаси обожавателите со „најдобриот досега“ рецепт за печен компир, а трикот брзо стана вирален.
Џејми вели дека рецептот е „супер лесен“, но му дава малку пресврт на класичниот прилог, што го прави уште повкусен. Доби речиси совршена оцена од обожавателите кои го пробаа дома.
„Колку и да е едноставен печениот компир, има неколку мали, но важни детали што ги научив во текот на мојата готвачка кариера, а кои кога ќе се комбинираат го даваат овој врвен рецепт, за кој верувам дека го создава совршениот печен компир“, напиша тој на својата веб-страница.
За да го подготвите потребни ви се само пет состојки, а подготовката започнува ден претходно, па затоа ве советува да обезбедите доволно време за да го извршите овој витален чекор, а тоа е ладење на компирите во фрижидер преку ноќ.
Рецепт за печени компири на Џејми Оливер
Состојки
2,5 кг средни компири
Четири лажици маст од гуска или несолен путер
Маслиново масло
Едно чешне лук
1⁄2 китка свежа жалфија (околу 15 g)
сол
бибер
- Излупете ги компирите, може да бидат цели, но најдобро е сите да се со иста големина (околу 8 см). Варете ги во сад со зовриена посолена вода 15 минути, а потоа исцедете ги во цедалка и оставете ги покриени со кујнска крпа за да бидат на пареа околу две минути.
- Нежно протресете ја цедалката за да се издуват рабовите на компирите, создавајќи површина за крцкава надворешност додека се пече.
- Во најголемиот плех за печење ставете гуска маст или путер и една лажица масло. Додадете компири, додадете прстофат сол и црн пипер, па зачинете сè. Покријте и ставете ги во фрижидер преку ноќ.
- Кога ќе бидете подготвени за печење, загрејте ја рерната на 180 °C, пишува Express.
- Лукот се дроби и се става меѓу компирите. Печете ги околу еден час додека не станат златни и крцкави.
- Извадете го плехот од рерната и нежно изгмечете го секој компир. Посипете ја жалфија со малку масло врз компирите и печете уште 20 до 25 минути или додека компирот целосно не биде печен.