По завршувањето на Грен-слем турнирот Австралија опен во Мелбурн се случија две хорор убиства на познати спортисти, за само неколку дена.

Прв настрада кик-боксерот Сем Абдулрахим (32), чие тело беше пронајдено во вторникот на паркинг, на еден хотел, во северниот дел на Мелбурн.

Според австралиските медиуми, Абдулрахим бил најбараниот човек од подземјето во Мелбурн, а бил убиен откако подолг временски период ги избегнувал непријателските напади. Напаѓачите пукале во него, а во моментот на убиството била присутна и неговата девојка.

Откако било пронајдено неговото тело, неговата сестра најави одмазда.

  • Кој и да си што го уби брат ми, јас те гонам. Знам дека си куче. Ништо не завршува тука, порача гневната сестра.

Абдулрахим беше совршен во својата професионална кик-бокс кариера, имаше осум победи без пораз, а пет борби завршија со нокаут.

По информацијата за убиството на кик-боксерот, пристигна уште една трагична вест од Австралија. Имено, познатиот рагбист, Џејк Ров починал на 32 години, исто колку што имал и споменатиот кик-боксер. За причините за смртта на Ров се уште не е познато, а се чека извештајот од обдукцијата.

  • Зборовите не можат да ја опишат тагата што се чувствува денес во семејството. Џејк Ров почина синоќа и наше најдлабоко сочувство упатуваме до Стефан, Шерин, Тори и семејството. Почивај во мир, Џејк, се вели во соопштението на клубот Сент Клер, каде што играше рагбистот.

По повод неговата смрт се јави и рагби легендата Марк Гејер, откако остана во шок по веста за заминувањето на Ров.

  • Тој беше поголем од животот… 32 години, беше премногу млад. Сè што можете да направите е да го споделите вашето сочувство до семејството и пријателите. Имам син кој има 30 години и затоа е многу тажно… многу луѓе се во солзи, напиша Гејер.

 

ИЗДВОЕНИ