Нема дилема дека англискиот премиерлигаш Манчестер Сити помина најлошо кога е во прашање баражат за пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Избраниците на Пеп Гвардиола имаа две опции на располагање, Баерн (М) или бранителот на тронот, Реал (М), а ждрепката одличи „граѓаните“ во првиот натпревар да го нагостат „кралскиот клуб“.
Станува збор за добро познати ривали, кои минатата сезона играа во полуфиналетот, а победникот беше решен после пенал рулетот. Сити не игра како што треба во Премиер лигата, ги загуби сите шанси за одбрана на титулата и затоа фокусот ќе биде насочен кон ЛШ.
И шпанскиот гигант игра топло-ладно во актуелната сезона, иако е лидер во Ла Лига, а најголем проблем за Карло Анчелоти и понатаму се повредите на дефанзивците.
Кога се во прашање останатите двојки, внимание привлекува француската пресметка помеѓу Брест и ПСЖ и холндско-италијанските дуели. Милан за противник го доби Феенорд, а Јувентус ќе игра против ПСВ.
Најтрофејниот клуб во Германија, Баерн (М) имаше среќа, не го доби Манчестер Сити за противник, но ќе игра против секогаш непредвидливиот шкотски гигант Селтик.
Натпреварите од плеј-офот, односно осминафиналето ќе се играат на 11 и 12 февруари, односно на 18 и 19 февруари. Натпреварите од осминафиналето се закажани за 4 и 5 март, односно 11 и 12 март.
Бараж двојки за пласман во 1/8 финале: Брест – ПСЖ, Монако – Бенфика, Јувентус – ПСВ, Феенорд – Милан, Манчестер С. – Реал (М), Селтик – Баерн (М), Бриж – Аталанта, Спортинг Л. – Борсуија Д.