Организаторите на Ф4 -урнирот во Евролигата ги објавија цените на билетите за завршниот турнир на елитното натпреварување. Фајнал-форот ќе се одржи во Абу Даби, што ќе биде првпат во историјата да се организира финалниот турнир од елитното натпреварување на Блискиот Исток.
Билетите официјално ќе бидат пуштени во продажба на 26 февруари, а цените се движат од 57,25 евра за натпревар (229 евра за целиот настан) за горните трибини зад кошот до 949,75 евра за натпревар (вкупно 3.799 евра) за најлуксузните седишта покрај теренот во првиот ред.
Домаќин на спектаклот ќе биде модерната „Етихад арена“, која се наоѓа во познатиот забавен комплекс на островот „Јас“ во Абу Даби и може да прими 12.000 гледачи. Полуфиналните натпревари се закажани за петок, 23 мај, со почеток во 19:00 часот и во 22:00 часот по локално време (16:00 и 19:00 часот по средноевропско време).