Кошаркарите на Гран Канарија се последниот учесник во четвртфиналето на Еврокупот за оваа сезона, откако шпанскиот тим на домашен терен ја совлада Венеција со 84:80 и со тоа обезбеди дуел со Хапоел Ерусалим. Најзаслужен за триумфот беше Нгуама со 18 поени, Тоби додаде 14 коша и седум скока, додека на спротивната страна прво име беше Енис со 15 поени, пет асистенции и четири скока.

Пласман понатаму обезбедија и Цедевита Олимпија со победата над Бешикташ со 96:86, како и Турк Телеком кој го совлада Будуќност со 93:73. Па така, во четвртфиналето ќе се сретна и: Бахчешехир – Цедевита Олимпија, Хапоел Тел Авив – Турк Телеком и Валенсија – Клуж.

Четвртфиналните натпревари се закажани за следната недела и ќе се играат на една победа.

ИЗДВОЕНИ