Позната е причината за разводот на Пеп и Сера

1224
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Познато е дека Манчестер Сити во претходните два месеци минуваше низ очајна резултатска серија, а се чини дека кризата на „Итихад“ се уште не е завршена.

Многумина се сомневаа дека Пеп Гвардиола води битки и надвор од фудбалските терени и дека не е целосно фокусиран на тренерската работа, а сега излезе дека таквите тврдења навистина биле точни.

Шпанските медиуми објавија дека работите во личниот живот на Гвардиола не функционираат добро во изминатите месеци и дека тој и неговата сопруга Сера одлучиле да се разведат.

Пеп и Сера се запознаа во 1994 година кога тој имаше 23, а таа 20 години. Тогаш започна нивната романса, а интересно е дека се венчаа дури во 2014 година, иако тогаш веќе имаа три деца.

Тие ги имаат ќерките Марија (24) и Валентина (17) и синот Мариус (22). Иако делуваа како пар чија љубовна врска е нераскинлива, многумина беа изненадени од веста дека Пеп и Сера се разведуваат.

Најпрво немаше многу информации за тоа што се случило меѓу двајцата, но шпанскиот весник „Relevo“ објави дека е позната причината поради која Пеп и Сера повеќе не се заедно.

Сè започна во 2019 година, кога Сера го напушти Манчестер со својата најмлада ќерка и се врати да живее во Барселона, каде што има компанија фокусирана на светот на модата и дека не можела доволно добро да ја заврши својата работа од Англија.

Таа живееше на релација Барселона – Лондон – Манчестер, а Пеп претходните години се почесто доаѓаше во Шпанија. Иако се обиделе да го одржат својот брак, на крајот сфатиле дека тоа навистина не е возможно.

„Релево“ наведува дека Пеп и Сера имале разговор по кој заклучиле дека работите веќе не функционираат и дека повеќе не можат да живеат со такво темпо и чести патувања за да ја одржат врската и бракот и одлучиле дека е најдобро да се разведат .

 

ИЗДВОЕНИ