Позната бодибилдерка почина на дваесет години

87

Познатата американска бодибилдерка, Џоди Венс, почина на 20-годишна возраст од срцев удар. Нејзиното срце престанало да чука поради компликации предизвикани од екстремна дехидрација, објавија американските медиуми.

На младата спортистка ненадејно и се слошило додека бил на спортскиот фестивал Арнолд во Охајо. Веднаш и била укажана помош, но и покрај сите напори на лекарите не можеле да ја спасат.

“За оние кои не слушнале, Џоди почина. Нејзиното срце престана да чука поради компликации од тешката дехидрација. И покрај сите напори на лекарите, не беше возможно да се реанимира. Таа беше прекрасна личност и ќе ни недостасува секој ден. Нејзината смрт дојде ненадејно и неочекувано”, соопшти семејството на спортистката.

Нејзиниот тренер Џастин Михали открил дека Џоди без негово знаење користела опасни суплементи во подготовките за натпреварот. Тој изрази огромна тага поради нејзината смрт и ја презеде одговорноста. Тој се чувствува виновен затоа што не забележал дека Џоди користи супстанци кои сериозно го оштетуваат нејзиното здравје.

 

ИЗДВОЕНИ