Мега-скандал го тресе шведскиот спорт, откако познат хокеар, кој засега не е именуван бидејќи истрагата е во тек, излегол од ноќен клуб со кеса со дрога и неофицијално бил позитивен на истата супстанција, пишува тамошниот медиум „Експресен“.
Имено, играчот бил претресен кога влегол во ноќниот клуб, кога кај него била откриена мала кутија во која имало наркотици. Истиот весник наведува дека овој хокеар игра во шведската прва лига, и дека бил приведен од обезбедувањето, по што на лице место била повикана полиција.
За време на испрашувањето, играчот негирал, односно дека кутијата не била негова, а воедно се земени и снимки од надзорните камери. Потврдено е дека станува збор за наркотичната супстанција 2-MMC, кој е варијанта на кристал мет, а играчот наводно бил позитивен на истата супстанција. Во себе имал 0,05 грама од оваа супстанција.
Клубот за кој игра играчот излезе со соопштение и го чека исходот од ситуацијата.
- Во оваа ситуација нема разлика додека немаме пресуда. Сè уште е исто. Ако биде осуден, тогаш ќе донесеме одлука. Мора да се грижиме за клубот, а не за играчот за кој станува збор, изјавија од тимот, а пренесува „Експресен“.