Атос Саломе, бразилскиот јасновидец кого медиумите често го нарекуваат живиот Нострадамус, во интервју за бразилски Глобо изјави дека Илон Маск е блиску до воспоставување контакт со вонземски цивилизации!
„Тој веќе знае нешто или има пристап до нешто извонредно, инаку никогаш не би бил толку опседнат со Марс“, рече Саломе, додавајќи дека „проектите од ваков вид ги спроведува во тајност“.
„Со оглед на личноста и амбицијата на Маск, воопшто не би било изненадувачки ако тој има интерес да ги истражува можностите за вонземски живот. На крајот на краиштата, тој веќе е вклучен во иницијативи кои ги надминуваат познатите ограничувања на човечката технологија, како што се колонизацијата на Марс и развојот на напредна вештачка интелигенција“, рече човекот, кој во минатото, меѓу другото, успешно ја предвидел смртта на кралицата Елизабета Втора.
Саломе нагласи дека Маск оваа година ќе има пристап до „работите што претходно не беа можни“, но додаде дека за дефинитивниот контакт со вонземјаните сепак ќе треба да почека уште малку.
„Но, тој дефинитивно ќе стигне таму“, подвлече тој и продолжи:
“Дефинитивниот контакт бара технологии и знаење кои се уште се далеку од нашиот дофат. Сепак, идејата дека вештачката интелигенција би можела да го олесни таквиот контакт не е воопшто апсурдна”, рече тој, потсетувајќи дека Маск е многу вклучен во компанија која се занимава со мозочни импланти.
„Neuralink има за цел да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите. Во моментов компанијата е заинтересирана за лекување на невролошки болести, но во иднина сака да ги прошири когнитивните способности на луѓето.
„Ако оваа технологија се развие до точка каде што мозочните сигнали можат да се пренесат надвор од Земјата, ќе ја отвори можноста за директна комуникација со напредните цивилизации“, додаде Атос, гледајќи уште еднаш кон Марс.
“Јасно е дека опсесијата на Маск со Марс не е само за колонизација на планетата. Истражувањето на таа планета може да доведе и до неверојатни научни откритија. Би рекол дека тој веќе знае дека има нешто посебно на таканаречената црвена планета”, заклучил тој.