Познатиот актер Долф Лундгрен, објави дека по девет години го победил ракот, а неговото видео од болничкиот кревет за пет часа го погледнале повеќе од 100.000 луѓе.

Познатиот холивудски моќник, актерот Долф Лундгрен (67) на Инстаграм објави дека неговата битка со ракот е завршена.

На 67-годишниот актер оваа болест првпат му била дијагностицирана во 2015 година, кога му било кажано дека има тумор на бубрегот и дека му останале само уште три години живот.

Тој беше успешно опериран, но по пет години ракот се прошири на неговите бели дробови, ‘рбетот, црниот дроб и стомакот. Тоа беше во 2020 година, а сега ѕвездата на „Универзален војник“ ја сподели радосната вест.

„Добро, тука сум. Ќе влезам внатре и ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи нема повеќе канцерогени клетки во моето тело, претпоставувам дека ќе бидам без рак и со нетрпение ја очекувам оваа процедура, јас сум на аблација на белите дробови, благодарен сум за се што следува“, рече актерот додека се снимаше од својот болнички кревет.

„Ова беше тешко возење и навистина ме научи како да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот. Ажурирање на здравјето – конечно без рак со благодарност и возбуда за светла иднина. Ви благодариме за вашата поддршка“, кажа актерот

Претходно за Тотал филм ги откри сите детали од тешката борба.

“Ми беше дадена прогноза дека ми остануваат само уште неколку години, па се чувствувам среќен што сум жив. Сепак, среќата отсекогаш играла улога. Тоа е како еден од римските генерали да рекол: “Сè што ви се случува е одлучено од вашето раѓање, секој има своја судбина.

Кога го прашале за неговите диви денови, Долф признал:

„Поминав низ период на пиење и неколку зависности додека се обидував да се справам со траумите од детството и мислам дека неколку пати танцував со ѓаволот. Но, доживеав да кажам и за тоа“.

Долф, кој е роден во Шведска, се оженил со својата свршеница Ема Крокдал (28) минатата година во Миконос, откако му било кажано дека има уште „две до три години“ живот.

“Многу паметни луѓе мислат дека знаат многу за себе. Но, не знаат за физичка храброст. Многу учите за себе во тепачка.”

Долф има две ќерки, Ајда Сигрид (28) и Грета Евелин (23), од бракот со модната дизајнерка Анета Квиберг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)