Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во текот на овој месец ќе одржи осум јавни презентации на националната кампањата „Позитивна промена“, која има за цел подигање на јавната свест и едукација за правилно постапување со отпадот. Презентациите ќе се одржат во по една општина од секој плански регион во државата и тоа во општините: Чаир, Куманово. Тетово, Битола, Струга, Струмица, Кавадарци и Штип.

„Позитивна промена“, на 13.2.2025 година ќе стартува во општина Чаир, со презентација пред претставниците на општините од Скопскиот плански регион, на кои ќе се споделат промотивните и едукативните материјали за важноста, ефектите и придобивките од добар и одржлив систем за управување со отпад кој исто така бара и зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во овој сегмент.

Министерството истакнува дека одговорноста за правилното управување со отпад припаѓа на сите засегнати страни: Владата, општините, правните лица кои управуваат со отпадот, граѓаните, приватниот сектор и само со одговорно однесување на сите страни може да се надмине овој децениски проблем.

– За успешно се функционирање на новиот систем не е доволно само да се воспостави инфраструктура и да се обезбедат садови за селекција, туку мора и да им се помогне на луѓето да ја разберат својата одговорност за отпадот и да создадат навики за подобра контрола врз управувањето со отпадот – велат од МЖССП.

Кампањата е финансирана преку Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад. Средствата со кои се финансира оваа кампања се одвоени од надоместокот кој се уплаќа од страна на трговците за граѓаните кои купуваат пластични кеси, во вкупна висина од 13.450.000 денари.

Покрај подготовката на промотивни материјали, ТВ спотови, емисии и сл. (кои може да се преземат од следниот ЛИНК) во рамките на кампањата ќе се реализираат и настани во осум училишта во земјата и по еден настан во секој од планските региони.

ИЗДВОЕНИ