Локализиран е пожарот во фабриката за производство на мебел „Рад трејд“ кој букна околу 16 часот и 30 минути во Жировница кај Крагуевац, а повредени нема, пренесуваат српските медиуми.
Со брзата итнервенција на 17 пожарникари од Крагуевац и Баточина, кои го гаснеа пожарот со седум возила, спасени се 1.000 квадрати од магацинот и од просторот со машните, пишува РТС.
Гореа околу 1.500 квадратни метри двокатен производствен погон, потврди претхнодно началникот на Управата за вонредни ситуации на Крагуевац Зоран Кочовиќ.
Според него, нема повредени и настрадани, пренесува РТС.
Како што се наведува, инспекторите на Полициската управа и Управата за вонредни ситуации на Крагуевац ќе ги утврдат причините за пожарот.
ИЗДВОЕНИ

Екс правобранителот уапсен за поткуп, барал 100.000 фатен со 50.000 евра

ИСКРИЧЕЊЕТО МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ ОТКРИ ДО КАДЕ СМЕ СО РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ: Владината процедура заглави најмалку 14 закони

ПРЕПУКУВАЊАТА ОКОЛУ МИГРАНТИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Мицкоски бара Обвинителството да се позанимава со СДСМ поради ширење паника и страв

ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ГО ОДБЕЛЕЖА ВТОРИОТ РОДЕНДЕН – Димитриевски: Станавме фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето








