Пожар што во Националиот музеј во Сеул: Изгаснат е по 4-часовна интервенција на пожарникарите – артефактите се безбедни

16

Пожарот што денеска избувна во Националниот музеј Хангеул во центарот на Сеул е изгаснат по околу четири часа интервенција на пожарникарите, при што е повреден еден пожарникар, но артефактите на музејот останале неоштетени, соопштија јужнокорејските власти.

Според официјални лица од окружната канцеларија и противпожарната служба Јонгсан, пожарот избувнал во 8:40 часот на третиот кат од зградата на музејот и брзо се проширил на четвртиот кат каде имало градежни материјали што го отежнувале гаснењето. објави агенцијата.

На лице место излегле 262 пожарникари, а пожарот бил изгаснат околу 12.30 часот, откако еден пожарникар бил повреден и веднаш бил пренесен во болница.

Официјалните лица се сомневаат дека пожарот можеби бил предизвикан од искри од сечење челик при реновирање на музејот, но потврдено е дека се води истрага за да се утврди точната причина за пожарот, пренесува Танјуг.

Јужнокорејскиот министер за култура Јо Ин-Чеон го посети музејот Хангеул, кој е основан во 2014 година, и побара од управата на музејот тесно да соработува со противпожарните служби.

ИЗДВОЕНИ