Пожарот на струмичка страна е локализиран, повеќе нема опасност за куќите во село Баница

31
Фото:принтскрин Струмица денес
Градоначалникот на Струмица вечерва некаде пред 21 часот потврди дека е локализиран пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница.
Тој во објавата на ФБ изрази благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето.
Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, напиша на ФБ градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

ИЗДВОЕНИ