Пожарникарот на округот Оринџ, Брајан Фенеси, со помош на пиво и млеко спасил два домови од пожар во населбата Итон во близина на Лос Анџелес, објавија денеска американските медиуми.

Тој штотуку се слушна со пријателите и неговиот брат кои имаат домови во областа загрозена од шумски пожари и им кажа дека немаат за што да се грижат, објави телевизиската мрежа „ABC“.

Неколку часа подоцна се случило незамисливото, а пожарот стигнал до таа населба, а Фенеси не можел да го добие својот брат.

  • Неговиот телефон престана да работи, се плашев од најлошото. Мислев дека треба да одам таму, рече тој, додавајќи дека потоа му се јавил неговиот брат и рекол дека е безбедно евакуиран со семејството.

Фенеси вели дека решил да оди и да провери во каква состојба е куќата на неговиот брат. Она што го нашол било целосен кошмар, а улиците што ги знаел се непрепознатливи, сè било уништено.

ИЗДВОЕНИ