ПОЖАРИ БЕСНЕАТ, БАЛКАНОТ МИРИСА НА ЧАД: Изгореа илјадници хектари шума, се евакуира населението

212
Фото: Вести од Истокот на Македонија

Шумски пожари поттикнати од силни ветрови беснееја вчера во делови на Грција, Бугарија, Хрватска…, горејќи шуми и куќи и принудувајќи евакуација на одморалиштата во Албанија, објавија локалните власти.

Натпросечни температури и суви услови се забележани во регионот во изминатиот месец, што создава идеални услови за шумски пожари, велат научниците.

Пламените јазици зафатија борови околу хотелскиот комплекс во албанскио приморски град Шенџин, каде властите ги евакуираа жителите, објави Ројтерс.

Во Бугарија, пожарникарите вчера мораа да престанат со гаснењето на пожарот во венецот на планината Славјанка, откако почнаа да експлодираат нагазни мини од времето на Студената војна.

Жителите изјавија за локалните медиуми дека струјата и телефонските услуги се прекинати. Во пожарот во понеделникот изгореа уште десетина згради, а еден човек загина, соопштија властите.

„Имаме многу пожари. Изгорени се илјадници хектари. Половина земја е во пламен“, изјави за Ројтерс, Горан Стојановски, претставник од Центарот за управување со кризи на Македонија. Тој додаде дека силниот ветер им ја отежнува работата на пожарникарите.

Во Хрватска, пожар изгоре околу 450 хектари борова шума околу крајбрежниот град Шибеник, изјави за Ројтерс локален пожарникар.

Нов пожар избувна во Хрватска: Гори кај Макарска, пожар ја зафати касарната кај Задар, детонации се слушаа кај Скрадин

Во меѓувреме, повеќе од 200 пожарникари поддржани од хеликоптери и противпожарни авиони успеаја да го локализираат пожарот на вториот по големина грчки остров Евија, откако властите наредија евакуација на две села, соопшти противпожарната бригада.

ОГРОМЕН ПОЖАР ГО ЗАФАТИ ГРЧКИОТ ОСТРОВ: Евакуација на Евија/ВИДЕО

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Грција се соочува со „многу тешко лето“ во однос на климатските услови.

Ни претстои уште многу тежок месец, август, и очигледно е дека сите мораме да бидеме подготвени“, рече премиерот на владината седница.

Пожарот од Македонија се прошири и кон Бујановац, во близина на Прохор Пчински – српското МВР испраќа хеликоптери

Шумските пожари во Грција станаа почести во последниве години за време на сè пожешките и суви лета кои научниците ги поврзуваат со климатските промени. Минатата година избувнале над 8.000 пожари, покажуваат податоците на противпожарната бригада.

Од мај, стотици шумски пожари избувнаа низ целата земја, во која беа забележани најтоплиот јуни и најдолгиот топлотен бран досега.