Пожар во дом за стари лица во Хановер – повредени се на 50 лица

65
Повеќе од 50 лица се повредени во пожар во дом за стари лица во Хановер-Нојштад, во Германија, од кои три потешко, изјави денеска портпаролот на полицијата.

Како што пренсе „Билд“, животот на едно лице е во опасност. Според извештаите, медицинскиот персонал попладнето забележал пожар во една од собите, пренесе „Фокус онлајн“. Противпожарната служба наводно успеала да спреи ширење на огност на другите простории, меѓутоа, тие се зафатени од чад.

Според информациите на полицијата, горнит кат повеќе не е вселлив. Како што изјави портаролот на противпожарната служба, станарите погодени од пожарот ќе бидат преместени во други делови од домот за стари лица. Причината за пожарот засега не е позната. Според податоицте на противпожарната служба, во домот за стари лица живееат околу 100 лица.

 

ИЗДВОЕНИ