Голем пожар на отворено кај Струмица – гори на повеќе места

182
Фото:принтскрин Струмица денес

Доцна попладнево денеска се разгорел голем пожар на отворено кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница. Гори на три страни и дека ветерот го разгорува пожарот, јавуваат локалните портали.

Сите пожарникари на ТППЕ Струмица се на терен и се обидуваат да ја скротат огнената стихија која неконтролирано се шири во повеќе правци.

Од видеото што го објави локалниот портал „Струмица денес“, се гледа долгата линија на пожарот и дека во близина има куќи.

 

ИЗДВОЕНИ