Повторно вандализам во Капиштец. Малолетници фрлаа петарди, кршеа се пред себе, се тепаа/ВИДЕО

41

Mалолетници синоќа повторно се однесувале вандалски во населбата Капиштец. Група малолетници кршеле шишиња, фрлале петарди и предизвикувале тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Очекува брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.