„Повремено се слушаат ѕвона“: Потопеното село истовремено фасцинира и застрашува/ФОТО

Симболот на долината Веноста е фасцинантен и потсетува на бајка. Црковната кула сместена во средината на езерото излегува од бистрите води на Лаго ди Ресија и е дел од селото потопено во 1950 година, а оваа необична глетка ги воодушевува, но и ги плаши и посетителите и локалното население.

39

Курон Веноста е село во северна Италија кое намерно беше поплавено во 1950 година со цел да се изгради резервоар за блиската хидроцентрала. Резервоарот е именуван по езерото Ресиа, а единствен знак дека под него има 163 куќи е црковната кула од 14 век која „штрчи“ од средината на езерото.

Лаго ди Ресија е вештачко езеро кое се наоѓа во регионот на Јужен Тирол, сместено во долината Веноста на границата со Швајцарија и Австрија.

Ова езеро нуди капацитети во сите годишни времиња, и нуди секогаш различен пејсаж на надморска височина од 1.500 метри.

Езерото зафаќа површина од околу 6,6 квадратни километри, а она што го издвојува Лаго ди Ресија од другите вештачки езера е необичната кула што се издига над површината на водата, а црквата Света Катерина и кулата датираат од 1357 година.

Кога теренот беше поплавен поради изградбата на браната, поплавени беа и двете соседни села Курон Веноста и Ресиа, кога беа потопени сите згради и куќи. Новата населба е изградена на повисок дел од земјиштето над езерото и денес таму живеат околу 2.000 жители.

Лаго ди Ресија и долината Веноста се особено привлечни во зимскиот период кога езерото е покриено со мраз. Тогаш посетителите можат да одат преку езерото до самата црковна кула. Според легендата, во зима поради силните ветрови од кулата се слушаат ѕвона, кои мештаните ги толкуваат како најава за смрт.

Селото било поплавено кога била изградена брана која поврзувала две природни езера и локална хидроцентрала. Околу 1.000 луѓе биле преселени во 1950 година, а 400 од нив изградиле ново село во близина, додека останатите се иселиле.

Привременото испуштање на водата од вештачкото езеро откри вознемирувачки и во исто време убави сцени од ова поранешно село, кое беше поплавено и покрај протестите на жителите.

Поради привременото пуштање вода, пред неколку години туристите и мештаните можеа да се шетаат низ селото по 70 години, што инспирираше бројни корисници на социјалните мрежи да направат интересни снимки од празни згради и урнатини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luisa A. 🇮🇹 (@luisa2506)

Интересно е што Курон се наоѓа на границата со Австрија и Швајцарија и голем дел од неговите жители не знаеле италијански, што предизвикало многу проблеми кога италијанските власти писмено го известиле населението дека нивните домови ќе бидат покриени со вода.

Инаку, германскиот е првиот јазик во Јужен Тирол, каде што се наоѓа селото, бидејќи оваа област пред Првата светска војна била дел од Австрија. Плановите за потопување на селото биле откриени уште во 1940 година за населението да има време да најде друго сместување.