Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на главниот пат Краљево – Рашка, се судриле автомобил и автобус полн со деца и според неофицијалните информации на „Информер“ повредени се вкупно четири деца. Тие се на дијагностика во болницата „Студеница“ во Краљево.
Автобусот превезувал основци од Косово и Метохија. Се враќаа од Златибор.
До несреќата дошло кога возач на патнички автомобил преминал на спротивната лента и удрил во автобусот. Судирот се случил денеска околу 13 часот и 15 минути.