Вознемирувачка сцена го одбележа натпреварот помеѓу Њујорк и Мајами во „Медисон Сквер Гарден“. На славниот актер и комичар Трејси Морган, кој во живо го следеше натпреварот од првиот ред, ненадејно му се слоши за време на натпреварот. Трејси во еден момент поврати на теренот. Лекарската екипа веднаш притрчала да му помогне. Тој беше изнесен од салата во инвалидска количка, држејќи крпа со видливи дамки од крв во рацете. Некои сведоци велат дека и носот му крвавел.
Натпреварот беше прекинат додека на Морган му беше укажувана лекарска помош, а прекинот траел околу 10 минути.
Tracy Morgan getting wheeled out from courtside at MSG after vomiting and bleeding from his nose.
Hope he is OK. 🙏 (via @realJoshBrownie)
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 18, 2025
Инаку, Морган и претходно имал многу здравствени проблеми. Пред 15 години поради дијабетес мораше да направи трансплантација на бубрег, а во 2012 година колабира за време на фестивалот „Санденс“.
Најголемата трагедија во својот живот ја преживеа во 2014 година, кога неговиот автомобил удри во камион на автопат во Њу Џерси. Возилото во кое се возел Трејси се превртело неколку пати и останало на покривот. Во него удрил шлепер кој бил во конвој. Потоа се здоби со екстремно сериозни повреди, беше во кома две недели, а неговото закрепнување траеше многу долго. Мораше повторно да научи да зборува и да оди.