– Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економијата на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата која ќе се помножи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор и истите ќе надминат 50 или 60 илјади денари. Тоа е практично минимумот што треба да го земаат вработените во приватниот сектор, особено вработените во трудо-интензивните дејности, истакна потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски кој ги повика и вработените од приватниот сектор на Првомајскиот протест
Приватниот сектор се жали дека недостасува кадар во државата. Работници и натаму уште повеќе ќе недостасуваат ако не се зголемат платите и не се подобрат условите за работа во приватниот сектор. Ова го истакна потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски кој уште еднаш ги повтори клучните барања на синдикатот за повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на законските права.
– Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економијата на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата која ќе се помножи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор и истите ќе надминат 50 или 60 илјади денари. Тоа е практично минимумот што треба да го земаат вработените во приватниот сектор, особено вработените во трудо-интензивните дејности – истакна Пешевски.
Тој ги повика сите работодавачи во приватниот сектор да ги прифатат барањата на синдикатот, а искажа почит кон одредени работодавачи од приватниот сектор кои ги почитуваат и Законот и Колективниот договор и овие проблеми кај нив се одамна надминати, но дека станува збор за сосема мал процент од вкупниот број вработени.
Владата еднострано донесе одлука минималната плата од март годинава да изнесува 24.379 денари нето износ, а од ССМ и натаму стојат на своето барање од 30.000 денари. Пешевски посочи дека дека синдикатот се соочува со притисоци и напади врз своите членови да се отчленат од ССМ и да се приклучат кон друг синдикатот кој не е за зголемување на минималната плата на 500 евра. .
– Додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови и репрезентативност на ниво на држава, пријавивме повеќе напади кон членови на гранските синдикати на ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој нажалост не бара зголемување на плати. Се сомневаме дека затоа другиот синдикатот е омилен и на Владата. Нашиот апел е да не се наседнува на ваков тип притисок и членовите самоволно и доброволно веќе оддамна се определиле во кој синдикат ќе членуваат – рече Пешевски.
Со цел подобрување на работничките права и во приватниот сектор, Пешевски ги повика и нив да се приклучат на Првомајскиот протест кој е закажан за 11 часот пред Собранието на Македонија.
– ССМ ја повикува Владата и работодавачите да преземат одговорност за моменталната состојба и да овозможат итно зголемување на платите во приватниот сектор – истакна Пешевски и потсети дека ССМ активно работи на правна заштита на работниците, и информираше дека во текот на 2024 година, бесплатна правна помош и заштита добиле над 12.000 работници.