Повик до сите млади: Оглас за 300 професионални војници – ќе нема квоти за етничка припадност  

62

Планирано е да се објави оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски и ги повика сите заинтересирани млади луѓе да се пријават. Рече дека се добредојдени доколку сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата.

Нагласи дека ќе бидат примени сите што ги исполнуваат условите, без оглед на етничката припадност.

– Ги повикувам сите граѓани, без разлика на етничката припадност, сите што сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти – секој оној што ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите, буквално сите оние што сакаат да учествуваат во одбраната на татковината – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ