Повеќе од 700 нудисти учествуваа во акцијата за формирање жив синџир на плажата Торн во шпанското одморалиште Тарагона, соопштија од каталонскиот клуб на натуристи.

Вкупно 717 луѓе формирале жив синџир, кој е дел од акцијата Трет нудистички рекорд на Каталонија, пренесува Euroweekly News.

Акцијата се одржа во средината на јули на 20 плажи во Каталонија, но нудистите на плажата Торн не можеа да се приклучат поради лошите временски услови, па настанот беше одложен за август.

Како причина за оваа акција, претседателот на каталонската асоцијација на натуристи, Сегимон Ровира, ја наведе желбата да се зголеми бројот на нудисти, како и да се промовира и брани нудизмот, бидејќи иако не е забранет, не е баш добро прифатени во општеството.

„Во Каталонија и Шпанија се уште има предрасуди останати од годините на диктатурата на Франко, кои го забранија овој феномен“, вели Ровира.

Од Астурија до Каталонија, Шпанија има повеќе од 400 нудистички плажи. Иако нудизмот е целосно легален во таа земја, постојат закони за јавен ред што значат дека ако нечија голотија им пречи на другите, може да се преземат правни мерки. Покрај тоа, масовниот туризам, притисокот за изградба на нови туристички капацитети и општото присуство на мобилни телефони, исто така, придонесуваат за зголемен пад на нудистичката култура.