Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било досега. На многу од кардиналите кои ќе учествуваат на конклавата тоа ќе им биде прв пат.
Во конклавата на која ќе се избере нов папа учествуваат 135 кардинали кои следната недела ќе се соберат во Сикстинската капела за да изберат наследник на папата Франциск, пишува „Гардијан“.
Голем број кардинали кои ќе гласаат беа назначени во конклавата од самиот папа во изминатите 12 години, а 20 функционери ја добија титулата кардинал само во декември минатата година.
Многумина никогаш претходно не се запознале.
Пред официјалниот почеток на конклавата, во тек се разговори и лобирање во ходниците, трпезариите и градините на Ватикан, пишува The Guardian. Упатените во Ватикан велат дека повеќе од 20 кардинали се идентификувани како можни кандидати за понтиф.
Сепак, мал е бројот на оние кои се квалификуваат како главни кандидати кои поминуваат низ повеќе кругови на гласање.
Хорхе Марио Бергољо, вистинското име на папата Франциско, не се сметаше за кандидат во 2013 година, но сепак беше избран за поглавар на Римокатоличката црква на крајот од гласањето, потсетува „Гардијан“.
Меѓу кардиналите кои се очекува да го поддржат конзервативниот наследник на папата Франциско се Рејмонд Бурк, американски бискуп кој е поддржувач на претседателот Доналд Трамп, како и германскиот кардинал Герхард Мулер.
Според Гардијан, во таборот што ќе го поддржи прогресивниот кандидат се кардиналите Жан-Клод Холерих од Луксембург, Тимоти Редклиф од Англија и Мајкл Черни од Канада.
Папата Франциск избра околу сто кардинали за конклавата и настојуваше тие да доаѓаат од многу мали католички заедници како Иран, Алжир и Монголија.
Тој работеше и на намалување на старосната граница за избор на кардинали, така што седуммина од именуваните во декември беа помлади од 60 години.
Во 2013 година, повеќе од половина од кардиналите во конклавата беа од Европа, а сега тој процент е намален на 39 отсто, додека 18 отсто се од Азија, исто така 18 отсто се од Латинска Америка и Карибите, а 12 отсто се од субсахарска Африка.