Повеќе од 200 општини ги имаат склучено договорите со кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само два ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
– Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи, поради тоа што за повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контактираа за да добијат средства од централниот буџет веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми со јавните набавки. Очекуваме, со подобрувањето на временските услови, градежна и економска експанзија на целата територија – истакна Перински во Штип, пред вториот консултативен состанок за предлог-измените на Законот за локална самоуправа.
Тој очекува новиот повик да биде објавен на почетокот од февруари, а претходно, во последната недела од јануари да помине на владина седница.