Повеќе од 150 луѓе се повредени откако скокнале од голема височина за време на земјотресот во Истанбул

238
EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Повеќе од 150 лица се повредени денеска во Истанбул откако скокнале од згради по земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер, соопштија локалните власти.

Поради паника 151 граѓанин се повредени при скокање од голема височина. Тие се згрижени во болници и нивните животи не се во опасност, се вели во соопштението.

Епицентарот бил во Мраморното Море, на длабочина од 10 километри, на околу 40 километри југозападно од Истанбул, пренесува АП.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека земјотресот траел 13 секунди и бил проследен со повеќе од 50 последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 5,9 степени.

ИЗДВОЕНИ