Повеќе од 100 лососи побегнале од кафезите за размножување во Велебитскиот канал во Хрватска, што предизвика тревога мнеѓу стручњаците.
Хрватскиот Институт за океанографија и рибарство алармираше поради можни еколошки и економски последици, повикувајќи ја јавноста да пријави ако во морето забележи риби од тој вид. Влегувањето на неавтохтониот вид атлански лосос во Јадранот е ризично зато може да дојде до генетско вкрстување со локалните видови и може да предизвика ширење на болести.
Додека се бараат причините за ова бегство, расте загрижноста за влијание на кревката еколошка рамнотежа во Јадранското Море.
Како што соопшти Институт за океанографија и рибарство избеганите риби се тешки меѓу еден и три килограми и забележани се во неколку области на северен и среден Јадран.