Најзначајниот бизнис-настан во регионот, „Копаоник бизнис- форум“, ќе се одржи од 2 до 5 март, во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Оваа година, форумот ќе собере повеќе од 1.600 учесници.

Централна тема на 32. форум е „Тежнеење кон економија со високи приноси“. Се очекува присуство на најистакнатите лидери од стопанството, економијата и од науката. Во текот на четирите дена, ќе се одржат 38 панел-дискусии, три пленарни сесии, како и три интервјуа со истакнати гости од различни области.

– Традиционално, „Копаоник бизнис-форум“ промовира нови идеи и решенија, кои се важни за подобро разбирање на предизвиците поврзани со агендата за одржлив развој. Целта на годинашниот форум е аргументирано да се анализира состојбата во економијата и во општеството, како и да се дефинираат неопходните реформски насоки за избегнување на замката на средниот доход и за достигнување економија со високи приноси. Веруваме дека сите учесници ќе ги искористат моќта на дијалогот и размената на идеи и искуства на најдобар можен начин – истакна Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија.

Форумот започнува в недела, 2 март, со претставување на плановите за ЕХПО 2027. Потоа следуваат панели посветени на анализи на макроекономската состојба на Западен Балкан и во Србија.

ИЗДВОЕНИ